Тиквеш го реши Радовиш и остана во трка за ТОП 6

Ракометарите на Тиквеш со победа над Радовиш со 32-26 го стартуваа пролетниот дел од сезоната во Супер лигата и направија чекор напред кон потврда на местото во разигрувањето за титулата. Сега кавадарчани имаат 18 бода на петтата позиција на табелата.

Тренерот на домашните, Кристијан Грчевски, комбинираше со две постави во текот на натпреварот, додека гостите во очекување на уште засилувања, успеаја да пружат добар отпор.

По 5-5 кавадарчани полека почнаа да ја градат предноста, беше 8-5, потоа свои моменти имаа голманите Арсиќ и Костадиновски, па немаше многу промени во поглед на разликата. На паузата, Тиквеш водеше со 16-12.

На стартот на вториот дел трето исклучување кај радовишани доби пикерот Томче Трајчевски и мораше на трибини, па гостите останаа без важна алка во играта.

Се трудеа и Цветковски и Постолов, па и Јанковски, колку толку да им отежнат на домаќините, држеа минус три или четири подолго време, но во финишот Тиквеш успеа да отиде на плус шест и само рутински да го доврши мечот.

Андоновски беше најдобар стрелец во победничкиот тим со седум гола, пет од пенал, додека шест пати погоди Обина, а во составот на Радовиш по седум погодоци имаа Постолов и Јанковски.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186