Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за првото коло од главната рунда во Лигата на Европа.
Македонските арбитри Даниело Божиновски и Виктор Начевски добија доверба од ЕХФ да го судат дербито на колото.
Тие ќе го судат германскиот двобој меѓу тимовите на Мелсунген и Кил што може да го одлучи првото место во групата.
Натпреварот меѓу Мелсунген и Кил е закажан за 11 февруари од 20:45 часот во „Ротенбах Хале“ во Касел.