Македонија ќе го верификува пласманот на ЕП 2026 во СЦ „Јане Сандански“!

Европската ракометна федерација и македонската куќа на ракометот го потврдија местото на одигрување на последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2026.

Наместо досегашната пракса, натпреварите да се играат во СЦ „Борис Трајковски“, овој против Литванија ќе биде одигран во СЦ „Јане Сандански“.

Македонија ќе ја пречека Литванија и со оглед на поразот во Виљнус, на овој меч ќе и биде неопходна победа за потврда на местото на континенталниот собир.

Претходно ќе бидат одиграни три меча, два со Словенија и на гости кај Естонија, па ако Македонија слави на два од нив, тогаш ќе биде на чекор од потврда на местото во Данска, Шведска и Норвешка.

Дуелот меѓу Македонија и Литванија се игра на 11 мај со почеток во 18:00 часот.

На табелата, Словенија е прва со 4 бода, Литванија и Македонија имаат по два, додека Естонија е последна без бодови. Пласман на ЕП обезбедуваат првите две селекциите од сите групи, како и четирите најдобри третопласирани од осумте групи.