Данска убедливо ја совлада Португалија со 40-27 и се пласираше во финалето на Светското првенство.
Десниот бек Матијас Гидсел вели дека е горд на сите свои соиграчи и дека посакува да однесат ново злато во татковината.
„На полувремето разговаравме за некои работи и во вториот дел покажавме колку навистина сме добри. Ние сме селекција која мора да ја победите за да станете светски првак. Горд сум на овие момци. Не само затоа што се сјајни ракометари, туку и затоа што се држиме секогаш заедно. Сега можеме пак да освоиме злато. Веројатно ќе ме боли се, но в недела ќе играм ако треба без нога или без глава. Се радувам на приликата да однесе ново злато дома во Данска“, изјави Гидсел.
Натпреварот меѓу Данска и Хрватска се игра во „Унити Арена“ во Баерум, предградието на Осло, в недела од 18:00 часот, а претходно од 15:00 часот ќе се сретнат Франција и Португалија.