Женската репрезентација на Македонија ќе биде ослабена за претстојниот бараж двомеч за пласман на СП 2025.
Селекторот Кристијан Грчевски, откако на ЕП 2024 остана без Елена Ѓорѓиевска, сега уште една искусна ракометарка стави крај на репрезентативната кариера.
Трите меча против Шведска, Турција и Унгарија беа последните во репрезентативниот дрес за левото крило Јована Саздовска.
Ракометарката на романскиот тим Слатина го информираше РФМ за својата одлука дека стави крај на настапите во дресот со националниот грб.
Таа беше дел од две големи натпреварувања во дресот на Македонија – на ЕП 2022 и ЕП 2024.