Хрватската јавност немаше премногу доверба во исландскиот стратег Дагур Сигурдсон кога тој дојде на жешката клупа.
Играта на националниот тим беше топло-ладно, од сјај до очај, но веројатно сега Сигурдсон добива само пофалби.
Дел од навивачите веќе си го „присвоија“ Сигурдсон, кој веќе си доби и ново презиме, па сега е Хрватсон. Има уште една верзија – Дагур Финалсон.
Хрватска го чека ривалот во финалето, а тоа ќе биде победникот од дуелот меѓу Данска и Португалија.
Мечот за злато е в недела од 18:00 часот во Осло.