Доленец заврши со Словенија!

Десниот бек Јуре Доленец нема повеќе да го носи дресот на словенечката репрезентација.

Тој не беше во плановите на селекторот Урош Зорман за Мундијалот, но по повредата на Нејц Цехте доби дополнителен повик.

Десниот бек на Нексе Нашице се очекуваше да заврши со националниот тим уште по ОИ во Париз, но тоа се случи на СП.

Натпреварот со Хрватска од главната рунда беше последен во дресот на Словенија за Доленец во богатата кариера.