Норвешка се издигна од мртвите и успеа со голем пресврт да ја совлада Шпанија, а со тоа да ги одржи минималните шанси за четвртфинале на домашниот Мундијал.
Но таа победа може да биде скапо платена, ако се знае дека Сандер Сагосен можеби го одигра последниот натпревар на СП.
„Сагосен има истегнување на мускулот. Се уште не знаеме колку е сериозно, потребни се дополнителни прегледи, но вообичаената пауза при ваков вид на повреди и неколку седмици. Ако е така, тогаш ова СП е завршено за Сагосен, но се надеваме дека можеби е само посилен грч“, изјавија од докторскиот тим на норвешката селекција.
Норвежаните ги очекуваат пресметки со Шведска и со Чиле, на кои мора да слават за да бидат во игра за ТОП 8.