Еден од трите домаќини на Светското првенство, селекцијата на Данска, оствари убедлива победа и над Германија со 40-30
Со овој триумф е јасно дека Данците немаат вистинска конкуренција ниту во главната рунда, и го продолжуваат својот рекорд од 33 меча без пораз на Мундијалите што трае од 2019 година.
Избраниците на Николај Јакобсен го решија прашањето на победникот уште по првото полувреме кога беше 24-18.
Вториот дел беше само формално одработување на задачата и сега Данска има шест бода на првото место на табелата, па ќе и треба уште една победа од двата меча за сигурно да биде прва.
Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Гидсел со десет и Питлик со осум, додека Костер даде шест за Германците.