Репрезентацијата на Македонија губи од Австрија со 14:13 на полувреме во натпревар од првото коло од главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.
Македонија го отвори натпреварот во „Вараждин Арена“, а во 5-та минута со голот на Петар Атанасијевиќ нашата репрезентација поведе со 3:1. Избраниците на Пајовиќ имаа неколку шанси да дојдат до изедначување, но „црвено-жолтите“ успеаја да излезат од малата криза, беа без гол од 8-та до 14-та минута.
Нашата репрезентација по првата половина од првиот дел имаше предност од 6:4, а во 16-та минута Лазаревски донесе плус три, 7:4. Австрија со три брзи гола, два на Фримел и еден на Белош, израмни на 7:7.
По камбекот на австриската репрезентација, следуваа два гола на Македонија за 9:7 во 20-та минута. Митев беше расположен во нашите редови, асистираше и погодуваше, па така нашата репрезентација успеа да зголеми на 10:7.
Иако Македонија водеше со 11:9, ракометарите на Австрија со серија од 3:0 ја презедоа предноста. Во последните две минути се играше гол за гол, а избраниците на Пајовиќ на пауза заминаа со минимална предност од 14:13.