Лазаров: Допрва нè чекаат тешки борби!

Македонија ја забележа првата победа на Мундијалот и славеше против Гвинеја со 29-20 што беше доволно за пласман во главната рунда.

Селекторот Кирил Лазаров потенцира дека е задоволен, иако вели дека се видело неискуството кај помладите ракометари.

„Мислам дека треба да се мсе задоволни, икао можевме и подобро. Се виде тоа кај помладите или понеискусните, промашивме 20 шута, од кои половина беа зицери. Со поквалитетн ривал ако промашуваме толку нема да победиме. Заштедивме сили кај оние со поголема минутажа, Митревски, Пешевски, па и Митев, кој е доста потрошен на претходните два меча. Допрва не чекаат тешки борби, ни треба енергија, треба да бидеме среќни и задоволни. Жалиме за бодот со Унгарија и за многу работи што се лсучија со Холандија, но го оставаме тоа позади и одиме да се подготвуваме за тоа што не чека“, вели Лазаров.

Тој вели дека поддршката од публиката ќе биде повеќе од потребна за следните натпревари.

„Преземавме мал ризик, но ја исполнивме целта. Допрва не чекаат битките, успеавме да заштедиме енергија. Ако се навратам назад, жалиме за бодот со Унгарија, скоро добиен натпревар, а и за она што се случи со Холандија. Но, не сакаме да размислуваме на тоа, мислиме на иднината и она што ни следи. Благодарност за поддршката до публиката. Ни следат три нови меча, таков е ритамот на секое првенство. Ќе анализираме во следните денови и ќе им ги презентираме работите на играчите. Ова е млада екипа, не многу искусна, па колку ќе успееме да го прикажеме тоа уште на првиот меч, ќе видиме. Меѓутоа тука се нашите навивачи, ги очекуваме да бидат наш осми играч, тоа се два гола повеќе во однос на Австрија“, заврши Лазаров.

Македонија најверојатно ќе биде трета во групата, а тоа значи дека во вторник ќе играме со Австрија, в четврток со Катар, додека в сабота против Франција.