Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од 11 коло во Лигата на шампионите.
Од Македонија делегирање имаше за Марјан Начевски, кој ќе биде делегат на натпревар на европскиот шампион Ѓер.
Унгарскиот тим на домашен терен го пречекува црногорскиот првак Будуќност, а натпреварот се игра на 25 јануари од 18:00 часот.
Покрај овој натпревар, Начевски ќе биде делегат на уште еден европски меч, но од Лигата на Европа што исто така се игра во Унгарија.
Станува збор за средбата меѓу Мошонмаѓаровар и францускиот Дижон, што е закажана за 26 јануари од 16:00 часот.