Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, реши да го повика некогашниот вардарец Игор Карачиќ, кој од денеска ќе им се придружи на соиграчите.
Иако нема потврда за сериозноста на повредата на капитенот Домагој Дувњак, сепак Сигурдсон не сака да ризикува и повика нов играч.
Дувњак по неколку минути на мечот со Аргентина го повреди листот на ногата, а првите прогнози се дека се работи за руптура.
Хрватска се пласираше во главната рунда на Мундијалот по победите над Аргентина и Бахреин, а ќе се сретне со Египет во битката за првото место во групата.