Холанѓаните реагираа: Македонците нè гаѓаа со се и сешто, ама очигледно така е на Балканот!

Холандија успеа да слави против Македонија со 37-32 во второто коло од Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Натпреварот се претвори во тензичен во финишот со данската арбитража, а холандските ракометари си заминаа предвреме од теренот и се жалеа дека кон нив летаа предмети од македонските навивачи.

„Почнаа да маваат кон нас со предмети, леташе сешто. Никогаш не сум доживеал вакво нешто, но очигледно така е на Балканот. Во еден момент, кога сакав да застанам на голот, ми го наполнија со вода. Апсолутно лудо! Ова нема никаква врска со ракомет“, изјави холандскиот голман Макс Рондело.

Холандија сега ја чека мечот со Унгарија од третото коло, додека Македонија ќе се соочи со Гвинеја на кој мора да се завери пласманот во главната рунда.