Данскиот Алборг објави дека средниот бек Мигел Мартинс e суспендиран и нема да игра на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.
Тој има позитивен допинг тест, веројатно на некој од последните натпревари од данскиот шампионат и нема да биде дел од СП.
„Секако дека беше шок за нас да слушнеме вакво нешто и веднаш контактиравме со Мигел, кој тврди дека не направил ништо илегално. Тој побара тестирање на Б примерок, за да биде разјаснета ситуацијата, но јасно е дека нема да игра на СП“, соопштија од клубот.
Португалскиот селектор Пауло Переира веднаш повика замена и Мигел Оливеира ќе биде дел од националниот тим за дуелите со Норвешка, Бразил и САД.