Светското првенство стартуваше денеска, а веќе видовме погодок кој сигурно ќе биде меѓу најубавите.
Тој гол беше дел на италијанскиот ракометар Лео Пратнер во завршницата на првото полувреме. Голманот Ебнер упати топка преку целиот терен, а Пратнер ја прифати и изведе магија.
Многумина веројатно очекуваа рутинска завршница, но тој одлучи да се забавува себе и гледачите и постигна гол од зад грб.
Освен овој погодок, Пратнер даде уште девет и беше најдобар стрелец во стартната победа на Италија против Тунис со 32-25.
Во второто коло Италија ќе игра против Алжир и со победа ќе го потврди пласманот во главната рунда.
Drömpremiär för Italien som vinner sin första VM-match sedan 1997 – Leo Prantner tiomålsskytt! 🔥🇮🇹 pic.twitter.com/AvUDEGgYFT
— Viaplay Sport SE (@ViaplaySportSE) January 14, 2025