Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 10 коло во Лигата на шампионите.
Македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева добија нова задача во елитната конкуренција.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу хрватската Подравка Копривница и романската Глорија Бистрица в сабота.
Натпреварот ќе се игра во салата „Јосип Самарџија“ и е закажан за 18 јануари со почеток во 18:00 часот.