Шведска, која е еден од ко-организаторите на Мундијалот 2025, вечерва одигра пријателски натпревар против Исланд.
Натпреварот заврши без победник, 31:31, а искусниот репрезентативец Макс Дарј, кој настапува на позицијата пикер, доживеа повреда на коленото.
Швеѓанецот мораше да го напушти теренот и во текот на утрешниот ден ќе се знае дали станува збор за сериозна повреда.
Репрезентацијата на Шведска за ривали во групната фаза на Мундијалот ги има репрезентациите на Шпанија, Јапонија и Чиле.