Поранешниот шампион на Македонија, Вардар, ги започна подготовките за пролетниот дел од натпреварувачката сезона 2024/25.
Тренерот на Вардар, Анжела Платон, на денешниот тренинг на располагање ги имаше сите ракометарки, а меѓу нив беше и новото засилување Јана Петровска.
Вардар обезбеди пласман во плеј-оф фазата и во разигрувањето за титулата стартуваше со реми против Куманово, потоа во 2. коло доживеа пораз од Металург Автокоманда.
Натпреварите од плеј-оф фазата кај дамите ќе продолжат на 8/9 февруари, а Вардар во 3. коло ќе го пречека актуелниот шампион Ѓорче Петров.