Иако првично беше најавено дека ќе играат во Автокоманда, ракометарките на Чаир ќе го играат двомечот од осминафиналето во Европскиот Куп на друга локација.
Откако беше најавено дека ќе има реновирање на дел од салата во Автокоманда, беше избран СЦ „Борис Трајковски“ за домаќин на двата дуели со чешката Славија Прага.
Сепак, денеска, на десетина дена пред натпреварите, Чаир објави дека двомечот со Славија ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ поради објективни причини.
Чаир во второто коло го елиминира тимот на Керженг од Луксембург, додека во третото коло беше подобар од португалскиот состав Колехио Де Гаиа.
Натпреварите меѓу Чаир и Славија Прага се играат на 18 и 19 јануари со почеток од 18:00 часот.