Димитриевски избран за МВП на месецот!

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, кој настапува за шпанскиот Орнео Аликанте, одигра одлично во првиот дел од натпреварувачката сезона.

Велешанецот најмногу расположен беше во месец декември, на три одиграни натпревари постигна 21 погодок, а зад своето име запиша и неколку асистенции.

Неговите одлични настапи против Барселона 2, Бургос и Агустинос Аликанте беа причина да биде избран за МВП на месец декември.

Тимот на Димитриевски е на добар пат да обезбеди пласман во Асобал лигата, првиот дел од сезоната го заврши на лидерското место.