Кој е веќе во борба за титула, кој е на чекор до плеј-оф, кој ќе се бори за опстанок?

По есенската полусезона, суперлигашите според бројот на освоените бодови, се одвоија во три дела.

Четири екипи веќе можат напролет да ја планираат битката за титулата, четири се борба за две места што водат во плеј-офот, додека четири скоро сигурно напролет ќе се борат за елитен опстанок.

Шампионот Еурофарм Пелистер, вицепрвакот Вардар, освојувачот на Купот, како и амбициозниот тим на Охрид, можат да бидат мирни во поглед на местото во разигрувањето за титулата, бидејќи освоија доволно бодови.

За преостантите две места кои водат во плеј-офот ќе се борат четири екипи, иако теоретски шанси имаат и оние што во долниот дел на табелата. Бутел Скопје и Тиквеш се во најдобра ситуација, додека свои шанси гледаат Пролет и Прилеп.

Екипите на Куманово, Бисинов ФЛ, Струга и Радовиш, ќе ги чека грчевита битка за опстанок во елитната конкуренција, па нема сомнеж дека ќе имаме интересни натпревари во февруари и март, пред да се подели лигата на два дела.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186