Француските тимови Нант и Екс Ан Прованс ќе направат размена на ракометари од следната сезона.
Станува збор за плејмејкерите Лука Де Ла Бретеш и Јан Тарафета. Де Ла Бретеш си оди од Нант поради малата минутажа.
23-годишниот среден бек потпиша договор на две сезони и треба да остане во Екс Ан Прованс до 2027 година.
Во спротивна насока оди шпанскиот репрезентативец Јан Тарафета, кој треба да го засили Нант, но тој трансфер се уште не е официјализиран.
Уште еден играч од Екс Ан Прованс, левиот бек Ромен Лагард, треба да се пресели во Нант од лето.