Жил не се откажува – ќе ги чека повредените Мем, Пранди, Мае…за СП

Селекторот на Франција, Гијом Жил, објави скратен список пред стартот на подготовките за СП 2025.

Жил на списокот има 22 ракометари, а меѓу нив се и петмината повредени ракометари – Деска, Мем, Пранди, Лен и Мае.

Французите ќе се соберат на 2 јануари, а на 8 и 10 јануари ќе одиграат пријателски средби против Чешка и Португалија.

Францускиот селектор се уште се надева дека ќе може да смета на дел од повредените ракометари за СП 2025.

На Мундијалот, Франција ќе игра во група со Австрија, Кувајт и Катар, а ако Македонија обезбеди место во главната рунда, ќе игра со најдобрите три селекции од оваа група.