Божиќен подарок за навивачите на Кил – Пекелер и Дувњак ги продолжија договорите!

Раководството на Кил подготвки одличен божиќен подарок за навивачите на еден од најдобрите клубови во Европа.

Двајцата од ракометарите кои се меѓу најважните во екипата, Хендрик Пекелер и Домагој Дувњак, ги продолжија соработките со „зебрите“.

Дувњак ќе остане во Кил најмалку до 2026 година, додека во договорот на Пекелер има клаузула за уште една година плус ако двете страни се задоволни од соработката, па кружниот напаѓач би можел да остане до 2027 година.

Хрватскиот среден бек игра за Кил од 2014 година, па кога ќе го одработи новиот договор ќе комплетира 12 сезони во дресот на „зебрите“.

Пекелер играше во Кил во сезоната 2009/2010, а по настапите за Бергишер, Лемго и Рајн Некар Левен, направи камбек и го носи дресот на Кил од 2018 година.