Македонија ќе има три теста во првиот дел од подготовките за СП

Maшката репрезентација на Македонија од вчера е во Стара Пазова, каде го одработува првиот дел од подготовките пред настапот на СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.

До 30 декември, избраниците на Кирил Лазаров ќе одиграат три пријателски средби. На 25 декември е дуелот со Нови Београд, додека на 27 декември е закажан натпреварот со Динамо Панчево.

По двата меча со српските клубови, на 29 декември следува пресметката со Саудиска Арабија, која не игра на Мундијалот, но одработува подготовки во репрезентативниот термин.

Генералката пред настапот на Мундијалот треба да биде против Хрватска на 8 јануари во Вараждин од 20:15 часот.

Македонија е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја на СП 2025, а три селекции ќе се пласираат во главната рунда.