Зеленортските Острови по третпат ќе играат на Светско првенство, откако дебитираа во 2021 во Египет, а настапија и во Полска и Шведска пред две години.
По ерата на Љубомир Обрадовиќ, сега селектор е искусниот Португалец Хорхе Рито, кој имаше на поширокиот список само 23 ракометари.
Од нив избра само 20, кои ќе се појават на стартот на подготовките на 26 декември во португалскиот град Гаиа.
Меѓу повиканите има само еден од домашното првенстов, а сите други 19 се интернационалци. Меѓу најпознатите се пикерот Пауло Морено од Шарт, бековите Едмилсон Араухо и Леандро Семедо…
Зеленортските Острови се наоѓаат во тешка група со селекциите на Словенија, Исланд и Куба.