Селекторот на Швајцарија, Енди Шмид, го објави составот за настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.
Тој смета на 20 ракометари, кои претходно ќе играат и на „Жолтиот Куп“ од 3 до 5 јануари во Винтертур.
Предводник е капитенот Никола Портнер од Магдебург, а има уште седум ракометари од Бундес лигата – Мануел Зендер, Ротлисбергер, Рубин, Лаубе, Самуел Зендер и Атенхофер, додека листата на интернационалци ја комплетира Леополд од францускиот Нант.
Останатите 12 ракометари се дел од швајцарските клубови – Кадетен Шафхаузен, Криенс Луцерн, Берн Мури и Сур Арау.
Швајцарија ќе мора на СП без плејмејкерот Јонас Шелкер, кој нема да се опорави навреме за СП 2025. Во групната фаза, Швајцарија ќе игра против Чешка, Полска и Германија.