Rosa BENITEZ GOMEZ, Manuela BRÜTSCH and Viktorie SVOBODOVÁ, Switzerland vs. Norway, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 11.12.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

На 40 години го оствари најголемиот репрезентативен успех и се пензионира

Репрезентацијата на Швајцарија испиша убава страница, откако на штотуку завршеното Европско првенство 2024 за првпат обезбеди пласман во главната фаза на континенталниот собир.

Швајцарија, која заедно со Унгарија и Австрија беа ко-домаќините, на ЕП го имашесвоето второ учесто, по она во 2022 кога заврши на 14 место, а сега беше подобра за две места.

Една од најзаслужните за остварената цел на Швајцарија беше искусната голманка Мануела Бруш, која објави крај на репрезентативната кариера.

„Со пласманот домашното ЕП во Базел и со пласманот во главната рунда во Виена се оствари сонот кон кој се стремев толку долго. За мене сега е вистинското време да ја напуштам репрезентацијата“, истакна Бруш.

40-годишната голманка го држи репрезентативниот рекорд по број на одиграни натпревари за швајцарската репрезентација, вкупно 180 во 20 години репрезентативна кариера.