Трофеен тренер го наследи Аџиќ: Мартин го презема Крим

Словенечкиот првак Крим го најде наследникот на Драган Аџиќ на клупата во шпанскиот селектор Амброш Мартин.

Мартин ќе биде на клупата на Крим до крајот на оваа сезона и ќе ја комбинира оваа функција со селекторската во Шпанија.

Станува збор за најтрофејниот стратег во женски клуб последните десетина години и дури четири пати се искачи на европскиот трон со унгарскиот Ѓер.

Во тренерската кариера ги водеше Овиедо, шпанскиот Ичако, рускиот Ростов Дон, па Ѓер, а седеше на клупите на Романија, Русија и сега Шпанија.

Крим тргна одлично во Лигата на шампионите оваа сезона, запиша четири победи, но потоа следуваше црна серија со четири порази, па беше прекината соработката со Аџиќ.

Мартин ќе дебитира на клупата на Крим на 11 јануари во „Стожице Арена“ на мечот со унгарскиот Ференцварош.