Ривал на женската репрезентација на Македонија во баражот за СП 2025 година ќе биде селекцијата на Полска. Полските ракометарки играа во главната рунда на ЕП 2024, го освоија деветтото место, но за двомечот со Македонија би можеле да добијат нов селектор.
Според „ТВП Спорт“, норвешкиот стратег Арне Сенстад, кој седи на полската клупа од 2019 година би можел да биде заменет од легендарната полска ракометарка, која сега го води шампионот Заглебје Лубин, Божена Каркут.
Овие шпекулации се појавија пред ЕП 2024, но можеби добриот резултат на Полска на континенталниот собир ќе ги натера водечките луѓе на тамошната федерација и претседателот Славомир Шмал да му понудат нова соработка која траеше до ЕП 2024.
„Немаше разговори за прекин на соработката со Сенстад пред ЕП или за негов евентуален заменик. Не знам од каде дошле тие шпекулации, но немаа никаква врска со реалноста. Неговиот договор траеше до ЕП, а планирани се разговори околу иднината“, тврдат од полската федерација.
Следен предизвик за Полска ќе биде бараж двомечот со Македонија во април 2025, а победникот ќе се пласира на Мундијалот во Германија и Холандија.