Селекцијата на Унгарија е освојувачот на бронзениот медал на Европското првенство, откако во драматичен натпревар ја совладаа Франција со 25-24. Иако Французинките имаа напад за реми и можеа да се изборат за продолженија, сепак не успеаја да најдат решение за унгарската одбрана и еден од домаќините на ЕП 2024 се радуваше на одличје. Ова е медал од ЕП за Унгарија по пауза од 12 години, кога на ЕП 2012 во Србија исто така освоија бронза.
Голманките Глосе и Семереј беа во фокусот во првиот дел кој заврши нерешено, 13-13. Двете имаа по девет одбрани со околу 40% успешност.
Во второто полувреме, предводена од Клујбер, Унгарија се одлепи на плус три, 16-13, но Французинките не се предаваа и успеаја да се вратат во егал, 18-18.
Во последните десетина минути се играше гол за гол. Унгарките водеа преку Клујбер, но Валентини израмни на 24-24, а на влезот на последните шеесетина секунди, по еден безидеен напад еден од домаќините на ЕП пак стигна до предност преку Лукач.
Францускиот селектор Гардилу повика тајм-аут, но Флип направи пробивање и останаа десетина секунди во кои Унгарките ја задржаа топката и почна нивната радост за бронзениот медал. Клујбер имаше девет гола, а по пет постигнаа Лукач и Кучора, додека во француската репрезентација по четири погодоци постигнаа Заади, Фопа и Нзе Минко. Глосе го заврши дуелот со 11 одбрани, додека Семереј на спротивната страна запре 13 удари на Франција.