Сканди-триото подготвено за 2026 – еве ги сите детали за следното машко ЕП

Следните два големи настани во машка конкуренција ќе се играат во Скандинавија плус Хрватска. По СП 2025 кое ќе се игра во Данска, Норвешка и Хрватска, скандинавските земји плус Шведска ќе го организираат и ЕП 2026 година, кое беше промовирано денеска во Виена.

Селекциите на Данска, Норвешка и Шведска се директно пласирани на ЕП 2026 како домаќини, а нив ќе им се придружи и европскиот шампион Франција. Овие четири репрезентации не играат квалификации, но играат Евро Куп.

Во квалификациите за ЕП 2026 играат 32 селекции, а Македонија е на добар пат да обезбеди место на континенталниот собир во групата со Естонија, Литванија и Словенија.

По шест одиграни меча – секој со секого дома гости, прво и второпласираните ќе обезбедат место на ЕП, како и четири од осумте третопласирани селекции во квалификациските групи.

Европското првенство во 2026 ќе се игра во четири града – Осло, Хернинг, Малме и Кристијанштад. Хернинг ќе биде домаќинот на две групи (А и Б), потоа на групата 1 од главната рунда и на завршниот викенд. Осло ќе биде домаќин само на две групи (Ц и Д) од прелиминарната рунда. Во Кристијанштад ќе се игра групата Ф, во Малме групата на програмта ќе биде групата Е, како и групата 2 од главната рунда.