Ракометарите на Бутел Скопје во натпревар од 15. коло од Супер лигата немаа поголеми проблеми против Радовиш, триумфираа со 36:21 и дојдоа до 16 бода на свое конто.
Гостите од Радовиш во првиот дел парираа колку што им дозволи составот на Кузманоски, потоа како одминуваше времето, така домаќините постепено градеа предност и на полувреме заминаа со плус седум, 19:12.
Во вториот дел Бутел целосно доминираше, не се опушти ни за момент и постигна само два гола помалку од првиот дел, а прими само девет.
Предводник во победничката екипа беше младинскиот репрезентативец Тодор Узунчев, кој постигна седум гола, пет додаде Филип Николов, а по четири запишаа Антонио Николовски и Кристијан Давитковски.
Кај Радовиш со по четири гола се истакнаа тројца ракометари – Васе Петров, Филип Талевски и Филип Трајанов.