Вардар се врати од „минус 9“ во Битола ама немаше време за пресврт

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер потврди дека се враќа во игра за првото место добивајќи го „вечното“ ракометно дерби со Вардар, 35-33 (22-13). На битолскиот тим му требаа само 15 минути за да го „размонтира“ гостинскиот тим и уште на полувреме да му најави дека по 13 кола ќе мора да признае дека е поразен. Но, имаа гостите и лош период, во второто полувреме во кое ја прокоцкаа високата предност, па можеше да биде и подраматично.

Се врати Вардар од негатива од девете гола, и на крај дојде до негатива од само еден гол, но немаше време за целосен пресврт. Со овој триумф Еурофарм Пелистер сериозно влегува во трката за првото место во регуларниот дел, па се израмнува со Вардар на второто место.

Беше израменто до 15 минута, иако Вардар се врати од негатива од четири гола. Но, потоа тргна се удолу, зашто одбраната на „црвено-црните“ не функционираше, а нападот на „зелените“ беше прецизен, ја казнуваше секоја грешка и ја најде слабата страна на ривалот.

Филип Кузмановски и Богдан Радивојевиќ заедно постигнаа 15 гола за едно полувреме, повеќе од сите играчи на Вардар, а Никола Митревски имаше девет одбрани, што беше клучно за високата предност на Еурофарм Пелистер уште на полувреме, 22-13 на мечот со Вардар

Откако Вардар намали на 10-9 следуваше период во кој царуваше тимот на Еурофарм Пелистер и со серија од 8-1 во 27 минута веќе имаше предност од 18-11. Како најава за пораз кој може да биде и убедлив.

Високата негатива на полувреме не ги обесхраби гостите. Напротив како да се разбудија и почнаа да играат. На почетокот на второто полувреме „црвено-црните“ направија серија со која намалија на само четири гола, 23-27, но со далеку подобра игра. А потоа Стефан Петриќ намали на 24-27 во 45 минута. Домашните веќе искористија еден тајмаут.

Во последните десет минути од мечот се влезе со предност од 31-28 за Еурофарм Пелистер, а тренерот Раул Алонсо мораше да го бара и вториот тајмаут со надеж дека ќе ги разбуди своите играчи.
Откако Филип Кузмановски биеше над голот, Горога во следниот напад намали на 31-29, на 8 минути до крај на средбата со најава за драма. Горига доби црвен картон по еден дуел со Атанасијевиќ, па Еурофарм Пелистер доби можност да биде со играч плус. Радивојевиќ од пенал зголеми на 32-29.

Се трудеше Вардар да се врати во игра, но со лесно продадени топки и технички грешки му овозможи на противникот да дава лесни голови, па пак дојдоа до „плус 4“, иако Вардар брзо врати. Во 55 минута Вардар во полуконтра имаше шанса да дојде на „минус 2“, но Митревски одбрани. Стефан Петриќ најмали на 33-31, ама потоа брзо прими гол.

Сакајќи брзо да дадат гол и пак да бидат во игра, Петриќ шутираше под рацете на Абутовиќ, а тоа го одбрани Митревски. Крсманчиќ потоа даде гол, а Гогов навреме се врати на голот за да ја одбрани топката. Јагуриновски намали на 34-33 на две минути до крај на среднбата. И повторно на грешка на Вардар домаќините зголемија на 35-33.

Богдан Радивојевиќ постигна 13 гола, а Филип Кузмановски даде 8 гола за Еурофарм Пелистер. Во екипата на Вардар најмногу голови даде Крсманчиќ – 9.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД16150130
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР16140228
3ВАРДАР 196116140228
4ОХРИД16121325
5БУТЕЛ1680816
6ТИКВЕШ 20141672716
7ПРИЛЕП1662814
8ПРОЛЕТ1654714
9КУМАНОВО1640128
10СТРУГА1630136
11БИСИНОВ Ф. Л.1622126
12РАДОВИШ1601151