МВП НА 14. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – ИВАН ГАЛЕВСКИ (АЛКАЛОИД)

Членот на Алкалоид, Иван Галевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 14. коло од Супер лигата.

Младиот чувар на мрежата во 14. коло против Бутел Скопје имаше одлична партија меѓу стативите, а натпреварот го заврши и со три постигнати гола.

Галевски освои 57% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше ракометарот на Охрид, Иван Тасевски, кој освои 41%.

Номинирани за МВП на 14 коло од Супер лигата беа уште Цветан Кузманоски, Евгениј Темелкоски, Стефан Петриќ, Тарик Бакар и Хироки Мацуока.