Репрезентацијата на Полска со победа го заврши настапот на Европското првенство, откако во последното коло од главната фаза славеше над Романија со 29:25 (11:10).
За Полска ова беше прва победа во главната фаза, односно трета на Европското првенство, додека Романија со денешниот пораз им направи услуга на Црна Гора и Шведска, две репрезентации кои вечерва од 20:30 часот ќе имаат директно соочување за третото место во првата група.
Иако за Полска овој натпревар немаше некакво резултатско значење, сепак, со освоената победа ќе биде подобро пласирана на континенталниот собир, односно нема да заврши на 12 место.
До 40 минута од натпреварот се играше гол за гол, двете репрезентации се менуваа во водство, а Полска во последните дваесетина минути успеа да го надигра ривалот.
Откако беше 17:17, следуваше мини серија на Полска, која во 42 минута се одлепи на 19:17, потоа во 48 минута дојде до солидни плус пет, 19:14, и до крајот не им дозволи на избраничките на Пера да имаат било какви шанси за камбек.