, Hungary vs. Romania, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 08.12.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Унгарките одиграа фуриозно против Романија и се „чекираа“ во полуфиналето

Еден од домаќините на Европското првенство 2024 – Унгарија со победата над Романија од 37:29 го завери пласманот во полуфиналето на континенталниот собир.

Унгарките против својот сосед ја продолжија серијата победи, остануваат на максимум, а на денешниот натпревар само потврдија дека посакуваат еден од трите медали.

Романија парираше колку што дозволи Унгарија, беше рамноправен ривал до 25 минута, потоа како одминуваше времето, така работите сѐ одвиваа во знакот на домаќинот.

Ракометарките на Унгарија на пауза заминаа со предност од 20:15 и во вториот дел во сите сегменти во играта го надиграа ривалот. При предност од 25:17 за Унгарија, јасно беше дека Романија нема да има доволно време за да направи нешто повеќе.

Одлична партија во победничката репрезентација имаше Катрин Клујбер со десет гола од 14 обиди, додека кај поразените се истакна Лорена Остасе, имаше 100% реализација, шест од шест.