Алонсо со пофалби: Ова ни треба – ваква магична сала и публика

По две сезони Еурофарм Пелистер повторно победи на домашен терен на меѓународна утакмица, триумфирајќи со 21-18 против Висла Плоцк. Тренерот Раул Алонсо е сообено горд на своите играчи, особено што е само две седмици во Битола, но веќе направија многу. Битолчани направиј аголем чекор кон осминафиналето на ЛШ, што би бил нивни најголем клупски успех на европска сцена.

„Каква ноќ, каква игра. Верувам дека сите уживаат. Лесно ми беше, бидејќи моите играчи играа на највисоко нво, горд сум бидејќи на високо ниво беше, особено одбраната. Поскаувавме многу да победиме. Сигурно имаме и некои удари кои не беа добри, но го подобруваме нивото, и тука сме и победуваме и мислам дека играчите дека заслужија голем респект. Среќен сум бидејќи тука сум две неделеи и гледам како напорно тренираат, вели Алонсо.

Сега Еурофарм Пелистер има 6 бода, два повеќе од Висла, но има уште да се игра, и сега секој меч ќе биде важен.

„Се уште имаме пат да го изодиме, среќна ноќ ќе биде. Му честитам на тимот. Денеска видов многу добра публика, ова е она што ни треба, подршкаат што ни треба, Магична сала и публика. Од утре се будиме и продолжуваме да работиме, вели Алонсо.

Остануваат уште четири меча од групната фаза за Еурофарм Пелистер, но тие се играат во февруари 2025.