Селекцијата на Полска обезбеди место во главната рунда на Европското првенство, откако славеше против Шпанија со …..
Шпанките отворија со водство со 3-1, но потоа на сцена стапија Балсам, Дражик и Кочаниак, кои беа заслужни за пресвртот и серија од 4-0 на Полска. Избраничките на Арне Сенстад, поведоа со 9-5, беше и 10-6.
Но по црвениот картон на Ушчинович, Шпанија успеа да ја преполови негативата и да намали на 13-11, а до паузата двете селекции беа прецизни уште по еднаш.
Во вториот дел Полска одигра далеку подобро и дојде до посакуваната цел, односно победа.
Најефикасна во победничката репрезентација беше Александра Росијак со шест гола, а кај Шпанија се истакнаа Пена Она и Ане Мартинез, двете ракометарки имаа по шест реализации.
Словенија и со подмладен тим успеа да обезбеди место во ТОП 12, откако славеше во Инсбрук против еден од домаќините Австрија со 25-23.
Австрија имаше контрола на резултатот, водеше со три гола во првиот дел, но пред паузата Словенија успеа да се врати во мечот и да израмни преку искусната Станко на 13-13.
Во второто полувреме Словенките беа тие што имаа предност во најголем дел, а домаќинките подлегнаа под притисокот и на две минути до крајот избраничките на Драган Аџиќ беа на плус три, 25-22.
До крајот немаше шанса за Австрија и Словенија покрај Норвешка ќе патува во главната рунда, по триумфот со 25-24.
Листата на стрелци во составот на Драган Аџиќ беше предводена од Тјаша Станко со осум гола, додека кај Австрија се истакна Јохана Рејчард со девет гола.