Што и треба на Македонија за прв шешир во ждрепката за СП 2025?

Женската репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија, а постоjaт теоретски шанси за пласман во главната рунда.

Нереално е да очекуваме дека тоа ќе се оствари, а освен победа на Македонија, против Унгарија, за нашата селекција ќе треба уште еден услов да биде исполнет – Турција да ја победи Шведска.

Комбинациите за главна рунда се нереални, па затоа ќе се задржиме на тоа што и треба на Македонија за третото место во случај на пораз од Унгарија. Македонија во моментов има гол разлика -10, а Турција е на – 6. Третото место во групата, во случај да не сме најслаба третопласирана селекција меѓу сите шест третопласирани, носи привилегија – место во прв шешир за ждрепката пред баражот за СП 2025.

Во четири од останатите пет групи веќе има селекции со по 2 освоени бода, освен во групата Д, каде Хрватска и Фарски Острови имаа по 1 бод. Хрватките се на -8, додека Фарски Острови се на -3.

Хрватска утре ќе се соочи со домаќинот Швајцарија, а Фарски Острови со фаворитот Данска, но тогаш натпреварите од нашата група веќе ќе бидат завршени, па овие две селекции ќе знаат што им одговара и каков резултат за да не бидат најслаба третопласирана во нивната група.

Резимирано, дури и да загубат вечерва, македонските репрезентативки мора да се потрудат тоа да биде со што помала разлика, за да ги задржат шансите до утре за место во првиот шешир пред ждрепката за СП 2025.