- Словенечкиот репрезентативен голман Клемен Ферлин потпиша договор со полскиот вицепрвак Келце до 2026 година. Тој досега го бранеше голот на бундеслигашот Ерланген, но веднаш се сели во тимот на Душебаев.
- Според „handball basse“, полскиот првак Висла Плоцк го бара норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен. Тој има договор со Колстад, но таму се уште е присутна неизвесност, па лесно може да се случи Сагосен да ги следи стапките на Бергеруд, кој на лето оди во Висла.
- Eдна од најперспективните француски репрезентативки, Сара Буктит, го продолжи договорот со францускиот Мец и ќе остане во матичниот клуб најмалку до 2027 година.
- Според „handball planet“, шпанскиот репрезентативен голман Сергеј Хернандез, кој во моментов игра за бундеслигашот Магдебург, би можел да биде замена за Емил Нилсен во каталонскиот гигант Барселона.




