Marija PETROVIC, Emilija LAZIĆ, Tatjana BRNOVIĆ and Jovana JOVOVIĆ, Montenegro vs Serbia, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 29.11.2024, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Балканското дерби за Црна Гора, Хрватска без сили против Данска

Денеска со три натпревари беше комплетирано првото коло на Европското првенство 2024 во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Во првото коло во рамки од Б групата се судрија Србија и Црна Гора, а на стартна победа се радуваа избраничките на Сузана Лазовиќ триумфирајќи со 24:18.

Црна Гора во текот на целиот натпревар беше подобра, на пауза замина со предност од 11:8 и во второто полувреме одигра уште подобро за освојување на двата бода.

Предводник во победничката репрезентација беше Ѓурѓина Јауковиќ со 11 гола, четири додаде Татјана Брновиќ. Кај Србија се истакнаа Јована Јововиќ со седум и Анѓела Јањушевиќ со пет гола.

Данска немаше проблеми против Хрватска, победи со 34:26 (16:13), а ист случај беше и на натпреварот меѓу Германија и Украина.

Германките одиграа доминантно во двете полувремина и против Украина триумфираа со 13 гола разлика, 30:17.