Екипата на Чаир, кој остана единствен претставник од Македонија на европската сцена кај дамите, ќе има убава шанса за историски успех на меѓународна сцена.
Чаир ќе игра двапати на домашен терен против екипата на Славија Прага во рамките на осминафиналето на Европскиот Куп.
Првиот натпревар е закажан за 18 јануари од 18:00 часот во Автокоманда, додека реваншот се игра следниот ден на истото место во истото време.
Чаирчанки во претходните две кола ги минаа тимовите на Керженг од Луксембург и Колехио Де Гаиа од Португалија со по две победи.