Вардар имаше триумфален крај на настапите во Лигата на Европа и славеше против бундеслигашот Мелсунген со 32-30.
Иако победата не носи место во главната рунда, сепак ќе се брои во борбата за подобар рејтинг и на Вардар и на македонскиот клупски ракомет.
Тренерот на „црвено-црните“, Гиљермо Миланo вели дека триумфот е важен за подигнување на формата и мотивација.
„Му честитам на Мелсунген за добрата игра, но и на моите играчи за важната победа, бидејќи е важна за подигнување на формата и мотивација. Се надевам дека ќе бидеме многу подобри во остатокот на сезоната“, изјави Милано.
Капитенот Гоце Георгиевски вели дека триумфот е поголем затоа што е над лидерот во Бундес лигата.
„Имавме повеќе мотивација. Беше многу важно за нас, игравме против клуб кој е можеби меѓу најдобрите и лидер во Германија. За нашата самодоверба е добро што победивме“, изјави Георгиевски.
Следен предизвик за Вардар ќе биде гостувањето во Велес кај Бисинов ФЛ.