Пасквал: Тешко е да се предвиди како ќе одигра Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре патуваат за Унгарија, каде в четврток ќе се соочат со унгарскиот гигант Веспрем во рамки од 9. коло од Лигата на шампионите.

Веспрем на осум натпревари победи на седум, загуби на првото соочување со Спортинг (39:30), додека на првиот натпревар во Битола славеше со седум гола разлика, 30:23.

Тренерот на Веспрем, Чави Пасквал, е претпазлив за натпреварот со пелистерци, истакнувајќи дека битолскиот клуб е уште посилен со кружниот напаѓач Мохамед Мамдух Шебиб .

,,Еурофарм Пелистер неодамна го сменија тренерот и веројатно им треба време да се прилагодат на оваа нова поставеност. Сега го имаат Мохамед Мамдух Шебиб, одличен пивот кој се докажа во врвните клубови, па со него би можеле да бидат многу посилни на линијата. Тешко е да се предвиди, но Раул можеби направил нова стратегија, сите играчи на Еурофарм Пелистер имаат потенцијал”, изјави Пасквал.

Натпреварот меѓу Веспрем и Еурофарм Пелистер се игра во „Веспрем Арена“ на 28 ноември со почеток во 18:45 часот.

Манасков: Верувам во добар натпревар против Веспрем