Парондо без попуст за Вардар

Ракометарите на Вардар утре против Мелсунген ќе го одиграат последниот сезонски натпревар на европска сцена.

Бундеслигашот во Скопје ќе гостува во рамки од последното коло од групната фаза во Лигата на Европа и против „црвено-црните“ ќе настапи речиси во комплетен состав.

Иако Мелсунген веќе го обезбеди пласманот во главната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување, сепак, тренерот Роберто Гарсија Парондо нема да му олесни на својот поранешен клуб.

Ривалот на Вардар за разлика за утрешниот натпревар, во претходното 4. коло на гостувањето на Исланд кај Валур настапи без речиси цела постава, недостасуваа Небојша Симиќ, Давид Мандиќ, Тимо Кастенинг, Адријан Сипос, Даинис Кристопанс…

Парондо во Скопје нема да смета на два клучни играчи. Станива збор за Адам Моравски и Арон Месинг, првиот нема да игра поради здравствени причини, вториот заработи повреда во дуелот со Ајзенах и ќе биде надвор од терените неколку недели.

Утрешниот дуел меѓу Вардар и Мелсунген ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.