По одигрувањето на двете квалификациски групи за пласман на кадетското ЕП 2025 минатиот викенд, комплетирани се 24 учесници на континенталниот собир.
Литванија, Полска, Словачка и Турција, им се придружија на 20 селекции меѓу кои и Македонија кои директно имаа обезбедено место на Европското првенство во Црна Гора.
Ова ќе биде за првпат во историјата да се игра кадетско женско ЕП со 24 селекции и шест групи, а ќе се игра од 30 јули до 10 август.
Покрај Македонија, место на ЕП имаат уште и Данска, Унгарија, Германија, Франција, Хрватска, Холандија, Норвешка, Шведска, Црна Гора, Романија, Исланд, Португалија, Швајцарија, Чешка, Србија, Шпанија, Австрија, Словенија и Фарски Острови.
Македонските кадетки би требало да бидат во третиот шешир пред ждрепката за групите што ќе се одржи во 2025 година.