Овче Поле во вториот дел го скрши отпорот на Аеродром, гол-шоу на Каркалашев против Јехона

Ракометарите на Овче Поле по победите против Кичево и Астраион, односно ремито со Јехона, ја продолжија серијата без пораз, откако славеа против Аеродром со 34-31.

Иако гостите од Скопје парираа одлично, повеќепати водеа и со три гола разлика, сепак во финишот на првиот дел домаќините успеа да се вратат во егал, 15-15.

Во ист стил стартуваше и вториот дел, Аеродром водеше со 19-18, а потоа со четири гола во серија Овче Поле направи пресврт, поведе со 22-19 и до крајот не ја испушти предноста.

Домашните во еден момент имаа и плус седум, 31-24 и само рутински ја довршија задачата. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Иван Димчевски со девет и Кристијан Стаменков со осум гола, додека кај Аеродром по седум гола имаа Андреј Ниновски и Александар Симоновски.

Вториот тим на „сино-белите“ од Автокоманда, кој минатата сезона играше во Супер лигата, запиша нова победа во прволигашката конкуренција, откако славеше против Јехона со 50-28.

Предводник на домашните беше Марко Каркалашев, кој постигна дури 14 погодоци, а Александар Стојков даде осум гола. Во составот на Јехона по девет реализации има Адис Салиу и Бојан Давидоски.

Овче Поле сега има десет бода што е доволно за третото место, додека Јехона останува петта со седум, но и тоа може да биде доволно за место во плеј-офот. Тимот од Автокоманда е втор со 13, а Аеродром е шести само со три бода.