Пролет испушти плус два, Прилеп се избори за реми во драматичен финиш

Екипите на Пролет и Прилеп повторно одиграа драматичен натпревар и повторно си поделија по бод во суперлигашката пресметка, откако во спортската сала „Македонско Сонце“ натпреварот од 12. коло заврши без победник, 23:23. Иако Прилеп во вториот дел имаше 18:13, дозволи домаќинот да се врати во игра, но и да поведе.

Според очекуваното, двете екипи покажаа голема борба, по нерешените 4:4, гостите од Прилеп врзаа два гола во низа и беа првите кои се одлепија на ,,плус два”, 6:4, а кон средината на првиот дел, со голот на левото крило Трајкоски, дојдоа до три позитива, 8:5.

Од тој момент Прилеп постојано беше во предност, домаќинот секогаш се доближуваше, но моментите со играч повеќе не ги искористуваше во целост. Прилеп при предност од 13:10 имаше напад за четири разлика, а домаќините со цврстата одбрана не дозволија гостинот да дојде до поголема позитива.

По 30 минути игра резултатот беше 14:12 во корист за гостинскиот табор. Избраниците на Мојсов одлично го започнаа вториот дел, дојдоа до 18:13 и во следниот период дозволија домаќинот да се врати во игра. Пролет се консолидира за две-три миути и намали на 18:17 во 40 минута.

Ракометарите на Јовиќ во два наврати имаа шанса да израмнат, но Прилеп во 48 минута дојде до 20:18. Минута подоцна домаќините врзаа два гола во низа и со голот на Шилегов дојдоа до 20:20. Во последните десет минути секој напад беше важен, домаќините во 53 минута ја презедоа контролата, најпрво поведоа со 21:20, потоа имаап лус два, 22:20, а кога требаше да ја осигураат посакуваната победа, не се снајдоа најдобро во нападот.

Пролет во последната минута влезе со 23:22, имаа напад за победа, не реализираа, па така на десетина секунди пред крајот левиот бек Цветаноски стави точка на големата драма.

Одлична партија во Пролет имаше младинскиот репрезентативец Томислав Димковски со шест гола, исто толку имаше и Мохамед Бакар. Кај Прилеп, исто така два ракометари се истакнаа со по шест гола – Никола Цветаноски и Пеце Рајатоски.

Сега со освоениот бод Пролет се изрмани со Тиквеш, двете екипи се на делба на 6. позиција со 11 бода, следува Прилеп, кој со 10 бода се наоѓа на 8. позиција на табелата.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД11110022
2ВАРДАР 196111100120
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100220
4ОХРИД1290318
5БУТЕЛ1270514
6ТИКВЕШ 20141251611
7ПРОЛЕТ1243511
8ПРИЛЕП1242610
9КУМАНОВО123096
10БИСИНОВ Ф. Л.122195
11СТРУГА1220104
12РАДОВИШ1201111